Книжевен збор - категорија

шикана повеќе

мн. шикани
Вид збор: Именка, женски род
Намерно создавање пречки, тешкотии по некоја работа; изопачување на работите за да се компликува некој спор.
Англиски: harassment Германски: Schikane

шкрилест повеќе

Вид збор: Придавка
Што се однесува на шкрилец.

шкрилец повеќе

мн. шкрилци
Вид збор: Именка, среден род
Лискунов камен, слоевита карпа која лесно се дели на тенки плочки.
Англиски: slate

шлагворт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Збор што апелира кон чувствата и на едноставен начин објаснува комплексни содржини.
Англиски: catchword Германски: Schlagwort

шпора повеќе

Вид збор: Именка, женски род
мамуза
Англиски: spur Германски: Sporn

штихворт повеќе

мн. штихворт
Вид збор: Именка, машки род
Збор што асоцира на поширока тема или го подбуцнува актерот на бината да почне со говор.
Англиски: cue Германски: Stichwort

штрих повеќе

мн. штрихови
Вид збор: Именка, машки род
Ознака, обележје што покажува дека треба да се исфрли дел од драмски текст.
Германски: Strich

шунд повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ѓубре, стока што не чини.
Англиски: trash Германски: Schund
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш